wordpress counter

Пет славни личности кои уживале во алкохолот

Докажано е дека алкохолните пијалаци може да делуваат позитивно на нашето здравје. Секако, ако ги консумираме одговорно и умерено. Покрај тоа, делуваат добро на нашето расположение и опуштеност. Оваа статија е наменета за неколку познати луѓе кои уживале во алкохолот.

Френк Синатра
Легендарна е љубовта на Синатра и групата „Rat Pack“ (Богарт, Синатра, Дин Мартин) кон алкохолот. Ќе останат запаметени нивните мисли и мудрување околу алкохолот. Во 1962 година, за Дин Мартин е измислен и коктелот познат како „Flame of Love Martini“.

Винстон Черчил
Британскиот премиер од Втората светска војна е човекот кој ја инспирирал Британија да се одбрани од Хитлер. Тој секое утро пред појадок пиел чаша шери која го чекала на ноќното масиче. Пред ручек, конусмирлал две чаши виски, додека пред спиење уживал во чаша шампањ и чаша бренди.

Ернест Хемингвеј
Покрај тоа што ги нашиша некои од најубавите дела на светската литература, овој славен писател бил познат и по љубовта кон пијалаците. Негови омилени барови биле „Harry’s“ и „Closerie des Lilas“ во Париз и „El Floridita“ на Куба. Безброј барови низ светот го служат неговиот омилен коктел „Papa Double Cocktail“.

Џорџ Бест
Еден од најталентираните фудбалери на своето време. Но, наместо по фудбалот, овој фудбалер на Манчестер стана познат по алкохолот. Светот го сакаше неговиот животен стил и харизма. За жал, тој животен стил го доведе до трансплантација на црн дроб, два разводи и целосен банкрот.

Хантер Томпсон
Авторот на „The Rum Diary“, бил познат по претерување кога станува збор за алкохол. Тој ја има напишано и култната класика „Fear and Loathing in Las Vegas“ каде што пиел „Singapore Slings“ и консумирал мескалин кога тоа воопшто не било модерно. Неговиот пријател Ралф Стедман изјавил: „Никогаш не се обидувајте да пиете колку што тој пие“.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Потпечена фритата со зеленчук

Фритата е јадење кое се базира на јајца, слично на омлет или киш, но дополнето со состојки како месо, сирење,...

Close