wordpress counter

Петте најчудни пијалаци

ПЕПСИ СО ВКУС НА ЈОГУРТ // PEPSI WHITE

ПЕПСИ СО ВКУС НА ЈОГУРТ
Секако дека се прашувате кој можел да го смисли ова чудо? Веруваме дека повеќето од вас прво ќе помислат на Јапонија. И во право сте! Pepsi white се појави минатиот октомври како дел од линијата на зимски производи. Веројатно е единствениот производ на Пепси кој може да се згрутчи во лето.

СОК ОД ЛУК

СОК ОД ЛУК
Иако знаат дека откако ќе консумираат поголема количина на лук ќе мирисаат најмалку 8 часа, сепак јужнокорејците не можат да одолеат на овој „освежителен“ напиток. Секако дека не е најсреќен избор ако одите на состанок, деловен или приватен, ама ова е посебен начин на освежување на овие луѓе. Опцијата кромид е исто така на располагање.

КАНАБИС // SWISS CANABIS DRINK

КАНАБИС
Или во оригинал: Swiss Cannabis Drink. Производителите тврдат дека е направен од коноп и не содржи THC (она што ве прави „хај“). Некои од овие производи веќе се најдоа по продавниците.

СОДА ОД ЈАЈЦА
Ова е типичен случај кога еден пијалак од интересен преминува во бизарен. Сакате да го направите? Тогаш земете млеко, измешајте го со жолчка од јајце, додадете сода и на крајот испијте го и не кажувајте никому. Евентуално на некој Виетнамец или Виетнамка. Единствено тие може да сфатат што сте направиле.

ТЕЧНО СИРЕЊЕ

ТЕЧНО СИРЕЊЕ
Дојдовме и до шампионот во оваа категорија. И нормално, се враќаме повторно во Јапонија. Се прави со три вкусови: шумско овошје, цитрон и обичен. Производителот смета дека покрај тоа што е добар пијалак, течното сирење може да се користи и како сос за салати. Чудни се овие Јапонци. Иако, веќе го знаевме тоа.

Related Posts with Thumbnails