wordpress counter

Пиење и чување на шампањ

Како што е случај со многу алкохолни пијалаци, нивното несоодветно чување може да влијае на нивниот квалитет. Тоа се однесува и за шампањот, но за разлика од виното, шампањот со страеење не станува подобар, туку добива безличен вкус. Општо земено, висококвалитетните шампањи треба да се консумираат во рок од 10 години, додека другите за 3 години.

За да остане шампањот свеж, потребно е да се придржувате до неколку основни совети. Прв чекор е пронаоѓање на суво и студено место. На пример, подрум е добро место, освен ако во него има влага. Просториите изградени од дрво не се добро место со оглед на тоа дека дрвото не овозможува добра изолација од топлина и студ. Идеална температура за чување е 6-8 степени. Шишето мора да стои хоризонтално.

Пред сервирање, шампањот треба да стои во фрижидер 2-3 часа или ставете го во сад за лед. Не треба да стои подолго затоа што ќе ја загуби својата пенливост. Внимателно ракувајте со шишето затоа што притисокот може да доведе до неочекувано отворање на шишето. Кога еднаш ќе се отвори, пенливоста бргу се губи. Затоа, прифатливо е да се испие во наредните два-три дена.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Пет кратки совети за совршен печен зеленчук

Во овие студени денови, печениот зеленчук во рерна не само што е вистински специјалитет, туку со него може и да...

Close