wordpress counter

Пиете, а не сте нарачале ништо

Alcoholic Architecture

Се сеќавате ли на господата Бомпас и Пер, младите британци кои прават модели на познати градби ширум светот и тоа од желе? Пишувавме за нив пред петнаесетина дена и за тоа можете да погледнете тука.

Изненадувањата од нив не престануваат. Пред неколку дена во Лондон отворија бар наречен Alcoholic Architecture. Секако дека тоа не е обичен бар – во Alcoholic Architecture станувате поднапиени и без да нарачате пијалак.

Еве за што поточно станува збор: во коктел барот воздухот е обвиткан во алкохолно испарување, а гостите се предупредени дека треба да дишат одговорно. Само 40-тина минути на ова место и ќе вдишите доволно од мирисот на џин и тоник, што тоа ќе предизвика убаво расположение низ вашите мозочни клетки. Покрај тоа, во барот постои и посебен dress-code, кој подразбира носење заштитно одело, за да избегнете кога ќе си одите дома да мирисате на алкохол и половина од соседите да мислат дека сте пиеле алкохол. За задоволството да биде комплетно, барот е декориран со огромни зелени лимони и сламки, додека во барот се шират звуци од излевање на течност врз коцки мраз. Сето тоа за на гостите да им се донесе чувството дека се наоѓаат во една огромна чаша коктел.

Одлична идеја за сите нас кои сакаме необични и иновативни места.

Related Posts with Thumbnails