wordpress counter

Пијалаци на светското првенство (1 дел)

Како се приближуваме кон решавачките натпревари на светското првенство, така расте и тензијата. А, како најдобро да се намали тензијата, ако не со добар коктел или пијалак. Ви ги претставуваме најпопуларните пијалаци во преостанатите 8 земји на првенството.

БРАЗИЛ
Бразилците знаат како добро да се забавуваат, а имаат и причина плус – сѐ уште се во игра за шестата титула. Каипириња е бразилскиот национален коктел, кој се прави од кашаса (ликер добиен од шеќерна трска), зелен лимон и шеќер.

ХОЛАНДИЈА
Земјата која го има Амстердам, не може а да нема добар пијалак. Џеневер е холандски џин со вкус на смрека. Ако имате можност, искомбинирајте го со мартини.

ГАНА
Жителите на Гана се познати по подготовка на џин и на вино од ѓумбир. Ле Колониал е еден посебен пијалак – мартини ѓумбир. Африканска магија за пат во полуфиналето.

УРУГВАЈ
Клерико е типичен сангрија коктел, совршен избор за жешките уругвајски ноќи. Овошен пунч кој се прави од бело вино, банани, јаболка, портокал, јагоди и грозје.

Related Posts with Thumbnails