wordpress counter

Пијалаци на светското првенство (2 дел)

Денес, на програмата на светското првенство се два натпревари. Како надополнување на претходната статија, ве запознаваме со најпопуларните пијалаци и на овие 4 земји.

АРГЕНТИНА
Фернет Кока е еден од најпопуларните аргентински пијалаци. Станува збор за пијалак кој е комбинација од тревки и растенија со Кока Кола. Нека не ве чуди, ако испиете премногу, да започнете да се однесувате како нивниот славен тренер Марадона.

ГЕРМАНИЈА
Кога ќе се спомене Германија, не ни паѓа ништо друго напамет освен пиво. Жолтата течност што живот значи е најпопуларнит пијалак во оваа земја. Нема да погрешите ако одберете Пилсенер, Хелес, Експорт, Данкел, Марцен, Берлинер Вајс, Рогенбиар…

ПАРАГВАЈ
Официјалниот пијалак на Парагвај е безалкохолен. Јерба мате е коктел чај, кој се подготвува од ливчиња јерба и топла вода.

ШПАНИЈА
Сангрија е пијалак чија татковина е Шпанија. Ако сте фан на Шпанија, нема да погрешите ако го нарачате или подготвите овој овошен микс.

Related Posts with Thumbnails