wordpress counter

Пијалак на месецот: Грог

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Овој пијалак е создаден од морнарите и е уште познат и како пијалак на пиратите. За нив често преставувал замена за вода и алкохолно освежување или поточно уште еден креативен начин на употеба на румот. Датира уште од далечната 1740 и е создаден од адмиралот на англиската кралска морнарица, Едмонд Вернон, уште познат како „стариот грог“.

Името потекнува од „грограм“, што претставува вид на ткаенина од свила и волна, каква што била наметката на познатиот англиски адмирал. Станува збор за пијалак направен од топла вода или пиво, темен рум и сок од портокал. Секако дека постојат различни варијации на овој пијалак.

Станува збор за вкусен и несекојдневен пијалак, кој ќе ве загрее во овие студени денови. Ние ви го препорачуваме овој рецепт, кој е вкусен и лесен за приготвување.

СОСТОЈКИ
• 2 дози темен рум
• 2 лажици шеќер (по можност кафен)
• половина исцеден лимон
• половина исцеден портокал
• каранфилче
• цимет

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги сите состојќи во ѓезве и додадете зовриена вода. Оставете малку да се излади и послужете го во соодветна чаша.

На здравје!

Related Posts with Thumbnails