wordpress counter

Пивото може да преживее нуклеарна катастрофа

Во рамките на операцијата позната под името „Чајник“, пред 30-тина години бил спроведен проект преку кој се настојувало да се утврди какво влијание би имала нуклеарна експлозија врз квалитетот на пијалаците. Поточно, војската се обидувала да дознае која амбалажа би можела да поднесе нуклеара војна.

Од документацијата која сега е достапна, може да се забележи дека лименките кои се наоѓале на растојание до 3 километри од експлозијата биле озрачени, но во рамки на дозволените граници.

Што се однесува до самиот вкус, пивото единствено го задржало својот изворен вкус, додека кај другите пијалаци (пред сè соковите) дошло до сероизни промени. Затоа, пивото во лименка може да се смета за адекватен извор на течност во вонредна состојба каква што е нуклеарна војна.

Related Posts with Thumbnails