wordpress counter

Професија: Мастер блендер

Кога на некого во Шкотска, или во другa земјa каде постои традиција на уживање во вискито, му кажете дека сте мастер блендер, сигурно ќе доживеете излив на длабоко почитување и воодушевување. Но, веројатноста да станете мастер блендер или да сретнете таков е неверојатно малa.

Имено, само три лица, во текот на 90-тите години ја добиле честа да работат како мастер блендери за Балантајн. Овие професионалци се вклучени во сите 4 фази на производство на вискито, од изборот на јачмен, проверка на квалитетот на вода, преку дестилирање во котели, па сѐ до процесот на зреење, кога ја имаат и најважната улога.

Претпоставувате дека сетилото за мирис е најважната алатка за работа кај овие луѓе. Затоа, тие го штитат својот нос од загадувања. Цигарите се строго забранети, како и лосионите за после бричење, парфимирани сапуни, кари и лук. Тоа е поради фактот што најосетливиот дел од работата се завршува после ручекот.

Една од најинтересните работи при процесот на производство, е кога мастер блендерот ги тестира бурињата. Со помошник кој не се двои од него, се шета низ просториите и застанува само кога треба да ја помириса течноста, секако правејќи го тоа со голема театралност.

Еден од „избраните“ е Сенди Хислоп. Токму тој ја имал задачата да создаде нов вкус на виски за претстојните божиќни и новогодишни празници. На тој начин, настана Ballantine’s Christmas Reserve. Има темноцрвена боја и е совршен спој на вкусови. Токму како што треба за највеселите празници во годината.

Related Posts with Thumbnails