wordpress counter

Пролетни коктели

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Иако времето сѐ уште е променливо, пролетта е веќе дојдена. А, со неа и посебни состојки кои може да ги употребиме во нашите коктели. Оваа статија ја посветуваме на три пролетни коктели во кои ќе уживате сами или со своите блиски.

Tropical Blue Margarita

СОСТОЈКИ
• 45 мл текила
• 30 мл куракао ликер
• 30 мл сок од лимета
• морска сол

ПОДГОТОВКА
Наросете сок од лимета на ѕидовите од коктел чашата. Ставете ја чашата со врвот во морска сол. Измешајте ги во шејкер текилата, синото куракао и сокот од лимон со мраз. Налејте во чаша и послужете.

.

Raspberry Beer Cocktail (6 чаши)

СОСТОЈКИ
• ¾ шолја малини
• 360 мл пиво, студено
• 360 мл концентрат од малина и лимон
• ½ шолја водка
• за декорација: парчиња лимон и лимета

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги добро првите четири состојки. Налејте врз мраз во чаша. Декорирајте со кришки лимон или лимета.

.

Kiwi Colada (6 чаши)

СОСТОЈКИ
• 5 киви, излупени и исечкани
• 3 шолји мраз
• ¼ шолја светол рум
• ¼ шолја ликер од диња
• 3 големи лажици Cream of Coconut
• 250 мл сок од ананас

ПОДГОТОВКА
Исечете 4 киви на четвртинки и ставете ги во блендер. Додадете ги мразот и другите состојки и добро измешајте. Отстранете ги семките од киви и налејте во 6 чаши. Преостаанатото парче киви поделете го на 6 парчиња и декориријате.

Related Posts with Thumbnails