wordpress counter

Prosecco Fili

Лична карта
Температура на послужување: 6-8℃
Најдобро се комбинира со: како аперитив или со лесни бисквитно-овошни десерти
Цена: 600 денари

Соочени со изобилство на „Просеко“, кое доаѓа од сите страни, Италијанците биле приморани да преземат одредени чекори за да го заштитат имиџот на ова пенливо вино. Со оглед дека не може да се зашитити врста на грозје, туку само географско потекло, Италијанците го прошириле целото подрачје на производство кон Фриулијанско-јулијското подрачје, бидејќи таму пронашле место кое се вика Просеко.

„Fili“ ни доаѓа од лозарските предели во близината на Тревизо. Има бледо жолта боја со зеленкаста нијанса. Ова сортно вино е релативно неутрално вино, кое во текот на второто вриење се облагородило со нежни ароми кои одлично се комбинираат со ненаметливата овошно-цветна арома (бело цвеќе и диња).

Во уста, ова вино е полетно. По првиот налет на меурчињата, останува средното тело на виното, кое има мека и кремаста текстура. При голтањето, ќе почувствувате вкус на зрело жолто овошје, како што се праски и кајсии.

Кога е екстремно топло, можете да го изладите и повеќе од препорачаното, затоа што кога ќе го налеете во чаша бргу се топли и на тој начин станува послатко. Ова вино особено го посакуваат жените, поради помалото количество на киселина во него.

Related Posts with Thumbnails