wordpress counter

Ретро коктели

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Коктелите се неверојатно широка тема на која може да се зборува со денови. Едноставно, ако ги имате вистинските состојки, со малку фантазија можете да направите коктел каков што посакувате. Во оваа статија, се враќаме малку назад и ви претставуваме два ретро коктели.

Пина Колада

Ова е кралица на сите смрзнати тропски пијалаци. Коктелот е измислен во 50-тите години на Порторико. Еве го и рецептот:

СОСТОЈКИ
• 40 мл рум
• 180 мл пина колада микс
• 1 круг ананас
• 1 цреша

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во блендер, ставете мраз и одозгора налејте рум и пина колада микс. Блендајте додека не добиете мека и течна смеса. Декорирајте со парче ананас и една цреша на врвот.

 

„Planter’s Punch“

Коктел како измислен за секоја забава. Пунч, кој вклучува два типа на рум, секако ќе биде зачин на секоја собиранка.

СОСТОЈКИ
• 180 мл темен рум
• 180 мл бел рум
• 45 мл „Grand Marnier“
• 180 мл сок од портокал
• 180 мл сок од ананас
• 45 мл сок од лимета
• 60 мл гренадин
• 1 кругче портокал

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги сите состојки во бокал. Потоа, во шејкер, ставете мраз и налејте го пијалакот. Мешајте убаво. Сервирајте во долги чаши полни со лед. Декорирајте со портокал.

Related Posts with Thumbnails