wordpress counter

Rosemount Estate Mountain Blue Mudgee 2006

Лична карта
Врста: црно вино
Сорта: „Syrah“ и „Cabernet Sauvignon“
Берба: 2006
Регион: Австралија
Про­и­зво­ди­тел: „Rosemount Estate“
Се ком­би­нира со: бифтек, јадења од дивеч, зрело сирење, печено јагнешко месо, месо на скара
Темпе­ра­тура на послу­жу­вање: 18 степени

Ова прекрасно вино има темни и смирени тонови на боја на цигла. Аромата има есенција на темно овошје, земјеста структура и зачински мириси на кокос, ванила, каранфилче и темно чоколадо кое со тек на време започнува да преовладува. Интересно колку вакви различни вкусови успеваат да се поврзат меѓу себе во полн сјај.

Вкусот ја следи логиката на мирисот. Виното е сласно со слатки и зрели танини и со солидна и постојана киселост. Завршниот дел од голтката е обележан со пријатна горчливост на потпечена вишна.

Ова е една навистина сериозна и избалансирана комбинација на „Syrah“ и „Cabernet Sauvignon“. Силниот и доминатен карактер на „Syrah“ (83%) во потполност е потиснат од вкусот на зрело овошје со земјеста компонента. Навистина оваа мајсторија е за секоја пофалба.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Топ диети за 2012 година (3 дел) – „TLC“ диета

„Therapeutic Lifestyle Changes“ (TLC) диетата има поволно дејство врз здравјето на срцето и крвните садови и дава ефикасни резултати при...

Close