wordpress counter

Најпознатата критичарка за вино во светот, Џанис Робинсон, неодамна ја посети Хрватска и го објави својот осврт за хрватските вина. Нејзиниот осврт е претставен во хотелот Интерконтинентал во Лондон, во организација на Хрватската стопанска комора.

За сите оние кои ќе ја посетат Хрватска ова лето, а се љубители на виното, тогаш најбитна ќе им биде следната информација - сорти со најголем потенцијал се малвазија и теран.

Најмногу бодови во категоријата на бели вина добија„, „Alba Robinia malvazija 2004“ на Matosevic и „Antica malvazija 2007  на Roxanich.

Што се однесува до црвените вина, врвот го запоседнаа Arman со „Teran Barrique 2006“ и Roxanich со „Superistrian 2006“.

Иако се обидовме да дознаеме дали некоја организација или асоцијација ги рангирала македонските вина, не успеавме да дојдеме до таква информација. Кај нас и понатаму си делиме награди по принципот „на ти го – дај ми го“ и си живееме во наш свет, во кој македонските вина се најдобри на светот.

Related Posts with Thumbnails
Коментари
3 коментари
  1. Ивица вели:

    Ова како за реплика на последната реченица. http://www.royalwinechallenge.com/results/awards.…

  2. marko вели:

    абе супер, ама резилов шо немаат сајт?! тоа само у македонија може!

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ПИЈАЛАЦИ