Само за оние што планираат да одат во Хрватска
Најпознатата критичарка за вино во светот, Џанис Робинсон, неодамна ја посети Хрватска и го објави својот осврт за хрватските вина. Нејзиниот осврт е претставен во хотелот Интерконтинентал во Лондон, во организација на Хрватската стопанска комора.
За сите оние кои ќе ја посетат Хрватска ова лето, а се љубители на виното, тогаш најбитна ќе им биде следната информација - сорти со најголем потенцијал се малвазија и теран.
Најмногу бодови во категоријата на бели вина добија„, „Alba Robinia malvazija 2004“ на Matosevic и „Antica malvazija 2007 на Roxanich.
Што се однесува до црвените вина, врвот го запоседнаа Arman со „Teran Barrique 2006“ и Roxanich со „Superistrian 2006“.
Иако се обидовме да дознаеме дали некоја организација или асоцијација ги рангирала македонските вина, не успеавме да дојдеме до таква информација. Кај нас и понатаму си делиме награди по принципот „на ти го – дај ми го“ и си живееме во наш свет, во кој македонските вина се најдобри на светот. ●








Коментирај