Сангрија со црвен портокал
Сангријата е еден од омилените пијалаци кои се дел од секоја забава. Приготвувањето е едноставно, а гостите се секогаш задоволни. За денес, ние ви предлагаме рецепт за сангрија со црвен портокал.
СОСТОЈКИ
● 6 црвени портокали
● 2 шишиња бело вино
● 1 шолја сода
● ½ шолја бренди
● 350 гр јагоди, ситно сечкани
● 1 јаболко, сечкано
● ½ шолја шеќерПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исцедете четири од портокалите. Останатите два исечете ги на парчиња. Исечете ги и јаболкото и јагодите.Чекор 2: во длабок стаклен сад, измешајте ги виното, брендито, сокот од портокали, содата, шеќерот, јаболката, јагодите и црвените портокали. Измешајте убаво.
Чекор 3: оставете сангријата да отстои барем два часа пред да ја изнесете пред гостите.
