wordpress counter

Се менува светот на пивото

Од неодамна, во нашето окружување, пивото со вкус на некое овошје стана вистински летен хит. Најчесто станува збор за пиво со низок удел на алкохол, шеќер и некој овошен вкус, најчесто лимон. Веќе е познато и по генеричкиот поим „Радлер“. Според неслужбените податоци, овој тип на пиво веќе има 5-10% пазарно учество во Србија, Хрватска и Црна Гора.

Во Хрватска веќе се води и спор за името „Радлер“. Имено, „Карловачка пивара“ го заштитила името „Радлер“, иако тоа е генерички поим кој се користи од многу производители на пиво во Европа. Во други земји се користат и други термини. Во Британија на пример, тоа е „shandy“ или „shandygaff“.

Сепак, на овие простори најдалеку отиде словенечката пиварница „Унион“, која веќе понуди три различни вкуса: грејпфрут, црвен портокал и лимон. Со тоа, во овие земји постојано се зголемува потрошувачката на пиво, која беше во пад цели три години.

На нашиот пазар, македонските пиварници се во длабок сон. Си имаат создадено асортиман и си тераат по него со децении. Не веруваме ниту дека извршиле истражување на пазарот во врска со овие типови на пиво. Веројатно, откако туѓите брендови ќе го освојат нашиот пазар, ќе се освестат и ќе се обидат да направат некаков „Радлер“. Дотогаш, ќе уживаме во истите производи од пред 70-80 години.

Related Posts with Thumbnails