wordpress counter

Серијал: Енциклопедија на виното (1 дел)

Започнуваме еден интересен серијал, во кој ќе се обидеме да одговориме на многу прашања во врска со најубавиот пијалак на светот. Од отвoрање на виното, преку температура на служење, ладење и наливање на виното, избор на чаши, чување на виното и ред други работи. Започнуваме со отвoрање на виното.

Отвoрањето на шишето вино за многумина знае да биде напорна и комплексна задача. Сите сме се нашле во ситуација да не можеме да го отвориме виното и нормално, да се изнервираме поради тоа. Виното може да биде затворено со капаче на вртење, плутена тапа, фолија и капаче или капаче кое се отвора со отворач. Секако, најголем проблем е кога виното е затворено со плутена тапа.

Постојат вина кои се затворени со капаче на вртење. Тоа е одличен начин на затворање на виното, затоа што ја задржува неговата свежина и чистотата на овошниот вкус, особено кај ароматични вина. Некои ќе помислат дека станува збор за ефтино вино, но сепак не е така. За тоа се пример австралиските и новозеландските вина. Сепак, сѐ уште не е разјаснето дали овој вид на затворање е добар за црвените вина, на кои им треба подолго зреење во шишињата.

Како и да е, најважно е да имате соодветен отворач и да вежбате на вашата техника, што подразбира да отворите многу шишиња вино. Внимавајте при ставањето и при вадењето на отворачот, затоа што тогаш најчесто тапата знае да се скрши и да остане во шишето.

Најдобро би било отворачот да навлезе до 2/3 од тапата и потоа полека да вртите за да излезе тапата. Доколку сте почетник, подобро да ги избегнувате отворачите во вид на пеперутка (кои, патем, кај нас се најприсутни) и да користите рамни отворачи. Ако виното на грлото има фолија, може да искористите и отворач со таква намена.

Related Posts with Thumbnails