wordpress counter

Серијал: Коктели

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Коктелите се добар пијалак во секое време, без разлика дали сакате да се освежите или напиете нешто. Овозможуваат бескрајна имагинација, интересни вкусови и секогаш успеваат да ја раположат дружината. Убавината во коктелите со вотка, освен што се вкусни и питки, е во тоа што по коктелот не ви мириса здивот на алкохол, како што би бил случајот со друг алкохолен пијалак.

Белиот русин („White Russian“)

Не, не станува збор за згодно светло руско момче, туку за коктел составен од вотка и шлаг.

СОСТОЈКИ
• 2 дози вотка
• малку шлаг пена
• шлаг пена со какао
• мраз

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во шејкер со лед, ставете ги сите состојки и промешајте.
Постои и друг начин – доколку немате шејкер, сипете ја вотката во чаша со лед, одозгора сипете го белиот шлаг и на крај шлагот од какао.

Сина лагуна

СОСТОЈКИ
• 3 дози (чашки за текила) вотка
• 1 доза „Blue Curacao“
• 3 дози сок од ананас или лимон
• кршен мраз

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во шејкер, во кршен мраз, ставете ја вотката, „Blue Curacao“ и сокот, добро промешајте и сипете го во кратка чаша. Декорирајте со некое парче овошје како ананас или со кандирани цреши.

Related Posts with Thumbnails