wordpress counter

Серијал: Луксузни пијалаци (2 дел)

Првата статија му ја посветивме на неговото височество – коњакот. И тоа не кој било коњак, туку едниот и единствен „Martell Cohiba“. Денес ќе зборуваме за веројатно најпопуларниот алкохолен пијалак на светот. Веќе погодувате. Станува збор за шкотското виски.

„Macallan 12 Year Old“
Земја: Шкотска
Цена: 2.500 денари
Пакување: 0.70 цл

„Macallan Sherry Oak“ е посебно зреено виски и тоа во период од најмалку 12 години. Зреењето се случува во буриња од шпанско црешово дрво. Бурињата се изработуваат рачно во Херез, Шпанија. Станува збор за традиционален „Macallan“ вкус, со фантастично богата боја и арома на сушено овошје, зачини и чоколаден портокал.

Ова виски има жолто-златна боја. Вкусот добива и нежна нијанса на слива, токму поради зреењето во црешови буриња. Станува збор за слатко виски со ноти на слад и даб. Најчесто се консумира со половина коцка мраз, која се остава да се топи на собна температура. На тој начин, се ослободуваат уште повеќе нијанси на ванила и цреша. Вкусот по првата голтка е незаменливо искуство. Малата киселост ќе исчезне веќе со втората голтка.

Овој бренд е еден од најстарите во Шкотска. Во мирните предели на Спејсајд регионот, повеќе од 300 години овој пијалак ги разнежнува грлата на вљубениците во добрата капка. Самото име инспирира визија на прием со посебен „дрес код“, дабова густина создадена со чад од пура и секако на старата добра Шкотска.

Related Posts with Thumbnails