wordpress counter

Серијал: Луксузни пијалаци (3-дел)

Денешната статија ја посветуваме на една од најпосакуваните пијачки помеѓу младите – текилата. Одлична за загревање на атмосферата, жестока за забрзување на крвотокот, вкусна во комбинација со сол и лимон. Како и да е, без неа не може да се замисли ниту една забава.

Patron Gran Burdeos“
Земја: Мексико
Цена: 22.500 денари
Пакување: 70 цл

Оваа текила има 55% алкохол и е направена од најдоброто сино агаве кое расте на високите ридови на Халиско во Мексико. Текилата зрее во буриња направени од мешавина на амрикански и француски даб. Периодот на зреење е минимум 12 месеци.

Потоа следи повторна дестилација пред да биде ставена на рафт во вински буриња од Бордо регионот, кои се правени рачно. Со нивна помош, овој пилак треба да добие посебни вкусови на ванила, суво грозје и други сушени овошја. Овие вкусови може да се најдат само во вината од Бордо регионот во Франција.

Секое шише од оваа текила е сместено во посебна кутија направена од црн орев. Во неа има и посебен сет за полесно отворање на шишето.

Related Posts with Thumbnails