wordpress counter

Серијал: Освежителни летни пијалаци (1 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (3 гласа, просек: 5,00 од 5)


Од денес започнуваме со еден навистина интересен серијал. Станува збор за освежителни летни пијалаци, кои ќе го направат летото поподносливо и повкусно. Освен тоа, овие пијалаци би можеле да бидат одличен избор за забавите кои ќе ги организирате во текот на летото.

Микс од праска, капини и бурбон

СОСТОЈКИ
• 4 тенки парчиња праска
• 6 капини
• нане
• 1 ½ мала лажица мед
• 1 голема лажица сок од лимон
• 60 мл бурбон
• лед

ПОДГОТОВКА
Во голема чаша, комбинирајте 2 парчиња праска, 3 капини, нане, мед и сок од лимон. Измешајте со лажица. Додадете бурбон и остатокот од праските и капините. Дополнете ја чашата со лед и сервирајте.

.

Текила и тоник

СОСТОЈКИ
• 2 големи лажици морска сол
• 1 лимета, исцедена
• 240 мл текила
• 0.5 л тоник
• половинка лимета

ПОДГОТОВКА
Ставете ја солта во чинија, додека сокот од лимета ставете го во сад. Натопете ги врвовите на 8 мали чаши во сок од лимета, и потоа во морска сол. Наточете текила и тоник. Исцедете по една половинка лимета во секоја чаша. Нежно промешајте. Сервирајте.

Related Posts with Thumbnails