wordpress counter

Серијал: Освежителни летни пијалаци (2 дел)

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Како растат летните температури, така и ние го зголемуваме бројот на пијалаци кои можат да ве освежат во овие денови. Денес, на менито се: Ледено лимон Мартини и вотка, калинки и лимета коктел.

Ледено лимон Мартини

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 1 голема лажица шеќер
• 1 шолја кршен мраз
• 6 големи лажици вотка (по можност со вкус на лимон)
• 2 големи лажици ликер од лимон
• 4 мали лажици сок од лимон
• 2 тенки ленти кора од лимон

ПОДГОТОВКА
Ставете шеќер во плитка чинија. Прво премачкајте ги врвовите на чашата со малку лимон и потоа ставете ја во чинијата со шеќер за да остане шеќерот по целата должина на отворот на чашата.

Ставете го мразот во шејкер. Додадете вотка, ликер и сок од лимон. Мешајте сѐ додека пијалакот не стане студен (околу 10-тина секунди). Потоа налејте во чашите. Декорирајте со тенка лента од кора од лимон.

Совет: чувајте ги чашите околу 7-8 минути во фрижидер пред да го налеете пијалкот.

 

Вотка, калинки и лимета коктел

СОСТОЈКИ (4 лица)
• ¼ шолја шеќер
• ¼ шолја вода
• 1 чаша сода
• 1 шолја сок од калинки
• ½ шолја вотка
• 3 големи лажици сок од лимета
• кршен мраз
• тенки парчиња лимета

ПОДГОТОВКА
Ставете шеќер и ¼ шолја вода во мал сад. Оставете да зоврие. Намалете ја температурата и оставете да се вари уште 2 минути. Отстранете од оган и оставете да се излади.

Искомбинирајте ги сирупот од шеќер, содата, сокот од калинки и лимета и вотката. Ставете ги сите состојки и кршен мраз во шејкер. По миксањето, налејте го пијалакот во чаша. Декорирајте со парчиња лимета.

Related Posts with Thumbnails