wordpress counter

Што не сте знаеле за вашиот омилен пијалак? (1 дел)

Секој од нас си има омилен алкохолен пијалак. За среќа, ги има толку многу, што секој може да си одбере што сака. Но, дали ги знаете сите тајни на вашиот омилен пијалак? Оваа статија ќе се обиде да одговори на тоа прашање. Прочитајте, можеби ќе го најдете токму вашиот пијалак.

„Кампари“ сака да ме отруе
Италијански аперитив кој е убаво горчлив. Кога ќе го пробаме за прв пат, нашиот организам помислува дека е отров. Но, интересно е колку бргу успеваме да ги научиме нашите рецептори на овој вкус. Барем според продадените количини (3 милиони гајби годишно), уживаме во овој пијалак.

„Patrón Tequila“ е започната од еден бездомник
Џон Пол Дехорија израснал во дом за деца без родители, а како возрасен два пати останал без дом. Компанијата ја основал со еден пријател, со само 700 долари. Сега вреди милијарди. Продажбата е околу 2 милиони гајби годишно.

„Maker’s Mark“ е „whisky“
Некои бурбони и американски виски пијалаци се изговараат без „e“, што се поврзува со шкотскиот изговор. Бирото за алкохол на САД од 1968 година дозволила во употреба да се двата термина: „whisky“ и „whiskey“.

Популарноста на шкотското виски е само поради чумата
Во XIX век, еден штетник ги нападнал и уништил лозовите насади во Франција. Штом нема вино, нема ниту коњак. Поради тоа, морало да се пронајде друг пијалак. Досетливиот Томи Дуар ја зграпчил можноста и создал пазар за својот пијалак.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

„Вегефест 2012“ во Скопје

„Вегефест 2012“ е првиот фестивал на вегетаријанска и веганска храна во Македонија. Ќе се одржи во текот на овој викенд...

Close