wordpress counter

Што не сте знаеле за вашиот омилен пијалак? (2 дел)

Во првиот дел споменавме интересни факти за 4 пијалаци. И во продолжението на статијата ќе наведеме уште неколку малку познати факти за пијалаците кои ги сакате.

Француската винска индустрија создава страв од Абсинт
Пред 100-тина години, моралистите тврделе дека само една голтка Абсинт може да доведе до лудило и смрт. Подоцна е утврдено дека тие биле потпомагани од француската винска индустрија во нивната кампања против овој популарен пијалак.

Grey Goose“ е дизајниран да биде скап и ништо повеќе
Сидни Френк имал само една желба – да биде милијардер. Затоа, направил вотка која ќе му ја исполни таа желба. Неговата визија била следна: направи вотка која доаѓа од Франција, дизајнирај скапо и луксузно пакување и продавај ја два пати поскапо од најскапата вотка на пазарот.

Moonshine“ го создал „NASCAR“
Фалсифакторите на алкохол се брзи, затоа што секогаш мора да бидат еден чекор пред полицијата. Токму тие биле и супер возачи кои по некое време започнале да организираат и неофицијални трки. Во 1947 година направиле официјална конкуренција која ја крстиле „NASCAR“.

„Бакарди“ е рум. Не!
Модерната реинкарнација на овој бренд воопшто не е рум. Ова може да го сфатите само ако сте имале привилегија да вкусите голтка вистинско „Бакарди“, дестилирано на Куба, во раните почетоци на минатиот век.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Бар во кој самите носите храна

„Basis“ е новоотворен бар во Амстердам, Холандија, кој има навистина посебен начин на функционирање. Имено, во овој бар храната можете...

Close