Што ви е потребно за секси тело?
Сѐ уште не е докрај расчистено колку вода треба да пиете во текот на денот. Во зависност од изворот и начинот на кој се спроведуваат истражувањата, добиваме различни информации. Настрана од тоа колку вода треба да се консумира, не треба да го заборавиме нејзиното значајно влијание врз губењето на килограмите и намалувањето на апетитот. Со нејзина помош остануваме слаби затоа што го спречува задржувањето на течности, но и му помага на телото полесно да ги обработи мастите.
Затоа, снабдете се со овошје и зеленчук бидејќи тие го пополнуваат вашиот стомак а содржат малку калории. Редакцијата на Гурман™ ви претставува рецепт за пијалак со кој лесно може да се одржува линијата.
СОСТОЈКИ
• 1.5 л природна или минерална вода
• 12 тенки парченца краставица
• 4 тенки парченца лимон
• 4 гранчиња свежо нане (околу 5 см), лесно згмечени
• 2 гранчиња свеж рузмарин (окулу 5 см), лесно згмечениПОДГОТОВКА
Во длабок и широк сад измешајте ги водата, краставиците, лимонот, нането и рузмаринот. Можете да го консумирате веднаш или да го оставите малку да се излади во фрижидер.









Коментирај