wordpress counter

Што зборува за вас вашето омилено вино?

Колку и да не звучи популарно и правилно, сепак може да се извлечат некои генерални заклучоци за луѓето врз основа на виното кое најчесто го пијат. Имено, направено е истражување на преку 2.000 испитаници во Британија. Резултатите покажуваат дека љубителите на белото вино се мошне практични луѓе, додека оние кои ги сакаат црвеното вино заработуваат повеќе, имаат повисок степен на образование и повеќе уживаат во животот.

Од друга страна, вљубениците во розе виното се луѓе кои ужуваат во социјални контакти, а во ова време на интернет развиток, тие имаат профил на речиси секоја социјална мрежа.

Што се однесува до количината која ја пијат, најмногу пијат љубителите на црвеното вино, потоа оние кои сакаат розе, а најмалку оние кои пијат бело вино. Љубителите на бело вино сакаат домашна атмосфера, задоволни се со својот општествен статус, а помалку од половината од нив има диплома. Преку половина од оние кои пијат розе завршиле само средно образование, но во просек заработуваат колку што заработуваат најплатените љубители на белото вино.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Пиво „Игра на тронови“

Американската телевизиска мрежа „HBO“ објави дека започнува соработка со малата њујоршка пиварница „Ommegang“. Станува збор за производство на пиво со...

Close