wordpress counter

Слободно работно место: Берач на кафе

Третата светска сила во производство на кафе, Колумбија, се соочува со мошне сериозен проблем. Токму сега, кога е сезона на жетва на кафето (октомври и ноември), во земјата недостигаат повеќе од 50.000 берачи на кафе. Со оглед дека станува збор за мануелна работа, целиот сектор зависи од работна сила која никаде ја нема.

Причините се бројни. Сериозни безбедносни проблеми, мала плата, миграција во урбаните средини. На тој начин, полињата во Колумбија останаа празни. За да се спаси бербата, властите направиле план за берба, според кој берачите кои се таму треба да се организираат и да ги опфатат сите места каде останало кафе. Како дополнение, преку 2.000 војници ги чуваат плантажите и се одговорни за безбедноста на работниците.

Голем дел од колумбиското кафе завршува на пазарите низ светот. Дел од него и кај нас. А, без берачите на кафе, ќе го нема ниту нашиот омилен пијалак. Останува или да дојдат работници од други делови на светот (што е малку веројатно) или да успее планот на колумбиската влада да ја преквалификува слободната работна сила и да станат берачи на кафе (што истотака е малку веројатно).

Related Posts with Thumbnails