wordpress counter

Смуди од боровинки и ашаи и Џон Габриел смуди

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (2 гласа, просек: 5,00 од 5)


Првиот рецепт за овој освежителен пијалак е всушност рецепт за антоксидантен смуди. Одличен е за здраво започнување на денот и истовремено е неверојатно вкусен.

Смуди од боровинки и ашаи

СОСТОЈКИ (1 порција)
• 1 чаша боровинки
• ½ шолја цреши
• 1 чаша сок од ашаи
• ½ шолја јогурт со ниска масленост
• 2-3 коцки лед

ПОДГОТОВКА
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Се сервира во чаша.

Џон Габриел смуди

Овој пијалак е дел од диетата на Џон Габриел и е наменет за сите оние кои уживаат додека јадат банани.

СОСТОЈКИ
• 1 шолја овошен сок
• 1 банана*
• 1 шолја вода
• 30 гр протеински прав
• 2 мали лажици семки од лен

*како опција може да употребите и манго или половина шолја бобинки по избор

ПОДГОТОВКА
Сите состојки се мешаат рачно или со помош на блендер. Наточете во чаша и уживајте во неповторливиот вкус.

Related Posts with Thumbnails