wordpress counter

Смуди?!

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (Нема гласови)


placbo (Flickr)

Сигурна сум дека некои од вас слушнале за „смуди“ (оригинално smoothie), но за многумина овој збор не значи ништо. На кратко, се работи вид пијалак, сличен на милшејкот, фрапе и лисуадо, но со една важна разлика: смуди е ЗДРАВ овошен пијалак.

Освен тоа што е здрав, овој пијалак може да биде и малку скап, во зависност од тоа до каде би одела вашата имагинација и желба и во кој период од годината го правите. Но, доколку сте решени на вашата вечера, забава или дружење на своите пријатели да им понудите нешто навистина фенси, тогаш погледнете подолу, ќе ве интересира.

Ова се смуди во 3 бои, за 30 минути:

СОСТОЈКИ

ЗЕЛЕНО СМУДИ
• 3 киви, излупени и исечкани
• ½ зелена диња (по можност), со отстранети семки, излупена и исечкана
• 150 мл газирана вода

РОЗОВО СМУДИ
• 100 гр. јагоди или малини, сечкани
• 1 банана, излупена и сечкана
• 150 мл млеко или млеко од соја

ЖОЛТО СМУДИ
• ½ манго, без семки, излупено и грубо исечкано
• 1 папаја, без семки, излупена и грубо исечкана

ПОДГОТОВКА
За секое смуди, ставете го овошјето во процесор за храна и блендирајте дури да стане пире. Додадете ја течноста (вода или млеко) и сипете го во високи чаши за сервирање. За екстра фенси изглед, додадете малку ниско калоричен овошен јогурт и на врвот нежно поставете ливчиња свежо нане.

Блендираното овошје, односно овошно пире, може да се чува во замрзнувач до три месеци. Така, можете да си чувате замрзнато овошје или овошно пире, за да имате смуди во било кое време.

Секако, ова е мојот избор на овошје, поради контрастот на боите и свежината на вкусовите, а вие, направете смуди по ваш избор и пишете ни, да го пробаме и ние. [МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails