wordpress counter

Совршено кафе

Повеќето од нас не можат да си го замислат почетокот на денот без кафе. Просечениот конзумент дневно внесува околу 280 мг кофеин, што одговара на 2-3 шолји кафе на ден. Со оглед дека кафето е мошне популарен пијалак, ви нудиме неколку совети како да биде совршено.

Купувајте тазе кафе во зрно
Најидеално би било кафето да е пакувано една недела пред консумацијата. Со оглед дека тоа кај нас е тешко, ви советуваме да купувате помали пакувања, за да може залихита побрзо да се троши.

Не го мелете кафето однапред
За да имате шолја пола со ароми, потребно е кафето да биде во зрна и да го мелете непосредно пред приготвувањето. Секогаш мелете онолку кафе колку што ви е потребно.

Придржувајте се до препорачаните мерки
Никогаш не ставајте повеќе кафе или вода при подготвката. Пропорцијата од кафе и вода е мошне важен момент и затоа секогаш држете се до препораките и упатството за апаратот кој го поседувате.

Не купувајте било какво кафе
Особено избегнувајте да купувате кафе кое го носи името на ланецот на супермаркети каде се продава. Видот на кафе, начинот и должината на печење и ред други работи влијаат на квалитетот на шолјата кафе која ќе ја испиете. Затоа, потрудете се да купите квалитетно кафе.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Лути пилешки крилца

Претпоставуваме дека за повеќето од нас пилешките крилца се едно од омилените јадења. Постојат многу начини на нивно приготвување, а...

Close