wordpress counter

„Свадбарско виски“ за Вилијам и Кејт

Во Шкотска има една навистина интересна традиција кога станува збор за свадбите. Кога ќе се роди дете, родителите сочувуваат еден сандак со виски. Тоа виски смее да се отвори дури кога ќе дојде свадбата на детето. Или поточно, се меша вискито кое го сочувале родителите на младоженецот и родителите на невестата и така се добива т.н „Свадбарско виски“.

Оваа традиција се практикува и ден денес. А, со оглед дека се приближува и свадбата на принцот Вилијам и идната принцеза Кејт Мидлтон, „The English Whisky Company“, согласно долгата традиција, подготви посебно виски за младите за оваа свадба.

Секако дека вискито не е чувано од годините на раѓање на младожениците, но претставува единствена можност (можеби еднаш во животот) да прославувате со истиот пијалак како и кралскиот пар. Во продажба ќе бидат пуштени мал број шишиња од ова ограничена едиција, по цена од 5.000 денари за шише од 700 мл.

Доколку сте расположени да направите едно „на здравје“ со Вилијам и Кејт Мидлтон, тогаш можете да го нарачате ова виски директно од компанијата: englishwhisky.co.uk/home.html

Related Posts with Thumbnails