wordpress counter

Топ 10 причини зошто да пиеме пиво

Секој алкохолен пијалак, ако се пие во умерени количини, делува добро по нашете здравје. Во оваа статија наведуваме 10 причини зошто е добро да се пие пиво.

Посилни коски
Пивото содржи високо количество на силициум (во форма на ортосилициумова киселина), што е одлично за коските.

Поздраво срце
Половина литар пиво дневно го намалува ризикот за срцеви заболувања до 30%, бидејќи го подига нивото на добриот холестерол.

Поздрави бубрези
Научниците од Финска откриле дека пиењето пиво ја намалува можноста од формирање на камен во бубрезите.

Подобра состојба на мозокот
Во едно истражување спроведено во 2005 година, на околу 11.000 жени, утврдено е дека оние кои пијат умерени количини пиво, на тестовите за ментални способности постигнувале резултати како да се две години помлади.

Помал ризик од канцер
Една друга студија направена во Португалија покажува дека маринираното месо со пиво ги намалува за 70% канцерогените состојки кои се појавуваат при термичка обработка на месото.

Ниво на витамини
Оние кои пијат пиво имаат за 30% повеќе Б6 во себе, што е двојно повеќе од оние кои пијат вино.

Штити од срцев удар
Научниците на Харвард откриле дека умерени количини пиво можат да спречат да се создаваат крвни зачепувања кои го блокираат крвотокот кон срцето, вратот и мозокот.

Намалува ризик од дијабетес
Ризикот од дијабетес се намалува за 25% доколку пиете еден до два пијалаци дневно.

Го намалува крвниот притисок
Во едно истражување, во кое учествувале 70.000 жени, на возраст од 25-40 години, утврдено е дека оние кои пиеле пиво имаат понизок крвен притисок.

Го продолжува животот
Со оглед на неговото позитивно влијание врз здрвјето кое го споменуваме во претохдните девет причини, нормално е дека неговата консумација значи и продолжен животен век.

И уште еднаш: сето ова се однесува ако пиеме умерени колични пиво!

Related Posts with Thumbnails