Топло чоколадо за двајца
Загрејте се во овие зимски денови со топло чоколадо кое можете да го приготвите во својот дом.
Овој пијалак споделете го со некоја ваша мошне драга личност.
СОСТОЈКИ (за 2 лица)
● 1 мала лажица пченкарен скроб
● малку сол
● 3 дл млеко
● 1 дл слатка павлака
● 170 гр чоколадо
● 2 големи лажици какао во прав
● ½ мала лажица екстракт од ванилаПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: измешајте ги скробот и солта. Потоа, оваа смеса промешајте ја со млекото и павлаката за да се истопи скробот. Добиената смеса загрејте ја на умерен оган со постојано мешање. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и варете уште 1 минута, со постојано мешање.Чекор 2: тргнете го садот од шпоретот и додадете го чоколадото. Оставете 1 минута, а потоа мешајте додека чоколадото не се растопи целосно. На крајот, додадете ги какаото и ванилата и по потреба повторно загрејте.
