wordpress counter

Топло чоколадо

Овие студени денови нѐ потсетуваат дека зимата сѐ уште не е завршена. А, има ли нешто подобро од топло чоколадо во студена вечер? Затоа, денес ви претставуваме неколку посебни рецепти за топло чоколадо.

Чоколадо со крем и кекс
Најпрвин подгответе топло чоколадо. Потоа, додадете му една лажица рум и шлаг како декорација. Врз шлагот попрскајте дробен кекс, а за дополнителен вкус, комбинирајте го овој топол напиток со кекс полнет со ванила или чоколадо.

Рајска малина
Во претходно подготвено топло чоколадо додадете ликер од малина, а како декорација шлаг со кандирани малини или цреши. Ќе се изненадите од вкусот.

Руско топло чоколадо
Ова е чоколадо посветено на родителите. Измешајте две чашички ликер од чоколадо, една чашка вотка и шолја топло чоколадо. Овој пијалак ќе ве загрее и ќе ви го подигне расположението.

Бело задоволство
Загрејте 8 мали шолји млеко и 2 мали шолји слатка павлака. Стопите 350 гр бело чоколадо и додадете го на млекото и павлаката. Варете сѐ додека не се згусне. Се служи топло, со изрендано бело или црно чоколадо. Овој рецепт е за 8 лица.

Related Posts with Thumbnails