wordpress counter

Варено вино

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (9 гласа, просек: 4,78 од 5)


Вареното вино е еден од највкусните пијалаци во зимската сезона. За претстојниот викенд, ви предлагаме варено вино подготвено според стар германски рецепт.

СОСТОЈКИ (за 4 чаши)
• 750 мл црвено вино
• ½ шолја шеќер
• 8 каранфилчиња
• 4 парчиња лимон (или портокал)
• 4 стапчиња цимет

ПОДГОТОВКА
Сите состојки (освен лимонот и циметот) ставете ги во длабок сад за варење. Варете ја смесата со повремено мешање. Откако ќе започне да врие, садот тргнете го од оган и отстранете ги каранфилчињата.

Налејте го виното во шолји и гарнирајте со парче лимон и стапче цимет. Се служи топло.

Related Posts with Thumbnails