wordpress counter

Вината на Сицилија (1 дел)

Сицилија има повеќе лозја од било која друга област во Италија. Поголем дел од лозјата произведуваат грозје за слатката и сува марсала, која најмногу се произведува. Интересно е дека порано лозарите призведувале грозје за околу 30-тина винарии кои постоеле во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Денес, многу од нив отворија свои мали винарии и нивниот број се зголеми на преку 300.

Додека големите и етаблирани производители, како што се „Tasca d’Almeria“ и „Regaleali“ создаваат најразлични врсти вино, малите производители се свртени кон посебните сицилијански сорти. Најпознато црвено грозје е „d’avola“, кое варира од лесно и со полн вкус, до грозје кое има земјест вкус и арома на зачини.

И на вулканските падини на Етна се одгледува грозје уште од 5-от век пред новата ера. Најпозната сорта на бело грозје е „кариканте“. Ако го пробате виното од оваа сорта, ќе сфатите дека има густ вкус и арома на квасец. Од црвеното грозје ќе го одвоиме „нерело маскалезе“, кое има нежни овошни тонови. Во комбинација со друга сорта на „вулканско“ грозје – „нерело капучо“, се добива вкус кој е многу сличен на „пино нуар“.

Related Posts with Thumbnails