wordpress counter

Вината на Сицилија (2 дел)

Првиот дел од статијата го посветивме на запознавање на винарските региони на Сицилија и сортите на грозје од кои се добиваат надалеку познатите италијански вина. Во вториот дел ќе ве запознаеме со 5 врвни сицилијански вина.

Tasca d’Almerita Regaleali Bianco


Прекрасна мешавина од „греканико“, „инзолија“ и „катарато“. Ова ароматично бело вино одлично оди во комбинација со морска храна. Има богат и интензивен вкус. Цената му е околу 500 денари за шише.

COS Pithos 2008


Ова вино се произведува во една од најпознатите винарии на овој италијански остров. Станува збор за одлична мешавина од „d’avola“ и „frapatto“. Виното зрее во амфори од теракота. Има земјест и вкус на кедар. Цената му се движи околу 2.200 денари.

Cottanera Etna Rosso 2007

Се прави од сортата „nerello mascalese“. Богато црвено вино кое одлично оди со морска риба. Има потекло од Етна и има цена од 3.000 денари.

Manenti Cerasuolo di Vittoria 2008

Интересен микс од „nero d’avola“ и „frappato“. Ова одлично црвено вино со мирис на цреша може да се комбинира со јагнешко месо и паста. Цена: 1.000 денари.

Occhipinti il Frappato 2008

Уште едно црвено вино на листата сицилијански вина. Има овошна нота, поточно нота на малини и вкусна киселост. И белото „Окипинти“ е одлично. Во ова вино можете да уживате за 1.500 денари.

Related Posts with Thumbnails