wordpress counter

Вината на Сицилија (3 дел)

Претходно наведовме пет вина кои се произведуваат на најголемиот италијански остров. И овој дел е посветен на неколку врвни вина во кои секој искрен љубител на овој пијалак би сакал да ужива.

Benanti Serra Della Contessa 2004


Подготвен од старо „nerello mascalese“ и „nerello capuccio“, ова вина од Етна оди одлично со свинско месо. Во само една голтка вино ќе почувствувате вкусови и ароми на зачини и сушено овошје. Цената му е околу 2.000 денари.

Planeta Cerasuolo di Vittoria 2008


Ова црвено вино го создава најголемиот сицилијански производител. Во него има микс од вкусови: сушени смокви, пиперка, цреши и танини. Влегува во редот на поефтините вина – 900 денари од шише.

Passopisciaro 2007

Ова лесно црвено вино ни доаѓа од вулканската Етна. Станува збор за комбинација во која преовлaдува „nerello mascalese“. Ако го купите, ќе уживате во кандирани цреши, чад и кора од портокал. Одлично се комбинира со јагнешко месо и риба.

Bonavita Faro


Еден од најубавите градови на Сицилија, Месина е дом на ова црвенo италијанско вино. Ако сакате суптилни вкусови и ароми на цреша, зачини и кранфилче, тогаш ова вино е вистински избор. Добро парира на јадења со месо и пасти.

Benanti Pietramarina Etna 2007


Направенo од 100% „caricante“ грозје, ова крцкаво, пенливо бело вино содржи во себе вкусови на праска и тревки. Ако посакате храна со него, најдобро ќе биде да одберете морска храна. Цена: 1.500 денари.

Related Posts with Thumbnails