wordpress counter

Виното не мора секогаш да се пие (1 дел)

Иако повеќето ќе речат дека виното е исклучиво за пиење и дека би било вистинска штета да се фрла, ние ви предлагаме неколку совети како да го искористите овој пијалак и за други намени.

Омекнување на кожата
Антиоксидансите кои ги содржи виното се корисни за кожата. Можеме да го искористиме виното како тоник или налејте го во купка во која ќе се излежувате половина час. Верувајте дека кожата по неколку третмани ќе ви стане бебешки мазна.

Детално чистење на овошје и зеленчук
Виното разредете го со вода и со помош на распрскувач, нанесете го на плодовите. Алкохолот ќе ги отстани нечистотиите и хемикалиите многу подобро од водата.

Чистење
Комбинацијата од алкохол и киселост ќе ги отстрани сите дамки и микроби низ кујната. Единствено внимавајте со површините од гранит, затоа што виното може да им наштети.

Против дамки
Ако истурите црвено вино на тепих или некое парче гардероба, нека не ве фаќа веднаш паника. Само налејте бело вино врз него и потоа со хартиени шамивчиња или салфетки впијте ја течноста.

Маринада против рак
Ако месото го маринирате 6 часа во вино можете да го спречите создавањето на канцерогени состојки кои се појавуваат при печење или приготвување на скара. И тоа за 90%. Покрај тоа, месото ќе биде повкусно и помеко.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

На гурманите не им е потребна дрога

Веќе долго време поимот гурман се толкува погрешно. Повеќето мислат дека гурмани се луѓе кои постојано се прејадуваат. Сепак, вистината...

Close