wordpress counter

Виното не мора секогаш да се пие (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме 5 совети за тоа што сѐ друго може да се прави со виното, освен да се пие. Денес го затвораме овој мини серијал со уште неколку интересни совети.

Приготвување на оцет
Наместо да купувате оцет, можете и самите да го приготвите од преостанатото вино. И онака, секое вино кое ќе се скисели станува оцет.

Боење
Со црното вино може да се бојат ткаенини (дури и некоја бела кошула на која сте истуриле вино). Со ова вино може да се бојадисаат и Велигденски јајца.

Против маснотии
Ако имате масни дамки на подот пред куќата, дворот или гаражата, тогаш полијте ги со бело вино. Ако дамките се мошне отпорни, додате и малку сода бикарбона.

Смрзнато вино
Ако ви преостанало многу вино, можете да приготвите и смрзнат производ. Со него може да правите сосови и маринада, а во истовреме е и одличен додаток за пунч, сангрија или некој коктел на база на вино.

Желе
Виното може да биде одлична база и за желе. Додадете вода, пектин и овошје и добивате домашно желе. Најдобро е да искористите некое вино кое неодамна сте го отвориле.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Виното не мора секогаш да се пие (1 дел)

Иако повеќето ќе речат дека виното е исклучиво за пиење и дека би било вистинска штета да се фрла, ние...

Close