wordpress counter

Вински туризам (1 дел)

Винскиот туризам е сè поголем бизнис, а определени вински региони во Европа и САД станаа вистински туристички атракции. Доколку вашиот одмор или слободни денови сакате да ги поминете на еден поинаков начин во кој ќе уживате во квалитетно вино, локална кујна и познанства со нови, интересни луѓе, тогаш овој список на вински региони може навистина да ви помогне.

Апулија, Италија
Овој регион е центар на еден од најавтохтоните видови – „Примитиво“. Апулија е сместена на самата пета на апенинската чизма и се смета за колевка на оваа сорта вино. Во овој регион, во кој напоредно се менувале освојувачи како Римјани, Грци, Нормани, Венецијанци и Турци, се произведуваат најмногу вина во Италија. Не заборавајте да ги посетите лозјата во околина на дворецот Дел Монте во Пуља. Таму ќе се запознаете со сета убавина на италијанските вина.

Пелешец, Хрватска
Веројатно едно од најубавите мориња на светот. Рибата од ова море, приготвена на скара, бара одлично вино. „Плавец“-от од Пелешец е фантазија која станува реалност за вашите сетила. Во тивките предели на недопрената природа на овој полуостров, каде навечер можете да го слушнете завивањето на бројните шакали, се наоѓа еден од најнеистражените енолошки патишта во Европа. Ако заминете таму, вкусете барем едно од овие вина: „Пошип“, „Поступ“, „Дингач“, „Плавац мали“. Ако немате дополнителни информации, држете се до вината на „Матушко“, „Вукас“, „Милош“ и „Дингач“.

Алентежо, Португалија
Најголемиот регион во Португалија и главна житница. Покрај тоа, станува збор за вински регион каде виното е неизоставен дел од животот. Исто како и дишењето. На крајниот југозапад на Иберија можете да пивнете вино од многу сорти грозје: „абунданте“, „алфрокеиро“, „шардоне“, „аринто“, „антао ваз“, „морето“, „рабо де велја“ и уште многу други. Сепак, сите нејаснотии ќе ви се разјаснат во тамошните таверни. ●

Related Posts with Thumbnails