wordpress counter

Вински туризам (2 дел)

Винскиот туризам претставува еден од алтернативните типови на туризам кој сѐ повеќе добива на популарност. Во минатата статија, се прошетавме по винските региони во Апулија, Пелешец и Алентеже во Португалија. И денес продолжуваме да се шетаме низ најубавите вински подрачја во светот.

Бургенланд, Австрија
Ако ви здосадило да ги слушате приказните за аристократска Виена и Захер торта, тогаш посетете го овој регион кој се наоѓа на самата граница со Унгарија. Таму владеат сортите „zveigelt“ и „saint laurent“, кои успеваат поради климата која стигнува од Панонската низина. Тоа се богати црвени вина, со одличен квалитет. Најјужниот дел од овој регион, Ајзенберг, е ударната тупаница на производството на вино во овој дел на Австрија, од сорти на грозје кои нудат врвна вкусна елеганција.

Савоја, Франција
Савоја, освен што е врвен француски ски центар, е еден од центрите на францукото вино. Од белите може да уживате во „Roussette de Savoie“, кое се добива од „altesse“. Со оглед дека регионот е сместен меѓу планини и езера, лозјата се расфрлани по падините и се дом на сорти кои успеваат само таму. Станува збор за „jacquère“, „roussanne“, „altesse“, „ gringet“ и „mondeuse“.

Умбрија, Италија
Кога станува збор за виното, најголемиот проблем на Умбрија е што се граничи со Тоскана, каде се произведуваат врвни италијански вина. Но, со помош на „Umbria Jazz Festival“ во Перуџа, полека и овие вина стануваат дел од светската мапа. Во малото градче Орвието се прават врвни вина. Од белите сорти грозje преовладуваат „biancame“, познат и како „passerrina“ или „bianchello“, „chardonnay“, „malvasia“, „greshetto“, „moscatello“, „moscato bianco“, „muller thurgau“, „pinot bianco“ и „pinot grigio“, „procanico“, „somillon“, бројни подврсти на „trebbiana“, „verdello“, „voigner“. Кога станува збор за црвените сорти, главен збор водат „aleatico“, „cabernet franc“, „cabernet sauvignon“, „gamay“, „grechetto rosso“, „malbec“, „merlot“, „petite verdot“, „pinot nero“, „sagrantino“, „sangiovese“, „syrah“. 

Related Posts with Thumbnails