wordpress counter

Виски од 100.000 фунти за јубилејот на кралицата

Најголемата светска дестилерија, „Diageo“ планира да флашира и продаде 60 шишиња од „ограничената серија“ по цена од 100.000 фунти за парче, по повод 60 години од владеењето на кралицата Елизабета II.

Јубилејното шкотско виски на „John Walker & Sons“ е пијалак кој е дестилиран во 1952 година и кој делумно зреел во буриња направени од даб. Вискито ќе се продава во кристални шишиња, декорирани со сребрено синџирче, дијамант и посебно бројче.

Секое шише ќе биде во пакет со еден пар рачно изгравирани кристални чаши и посебна книга со артефакти во кожна корица.

Инаку, првото шише ќе биде подарок за кралицата, а другите ќе бидат наменети за продажба. Вискито ќе биде флаширано на 6-ти февруари 2012 година, точно на денот кога пред 60 години Елизабета стана кралица на Британија. Оваа компанија, сите приходи од ова виски ќе ги донира во организацијата на кралицата за поддршка на образованието.

„Џони Вокер“, вискито на „Diageo“ е водечки шкотски и светски бренд за виски. Со указ на кралот Џорџ Петти, дедото на кралицата Елизабета Втора, оваа компанија станала официјален снабдувач на виски за кралското семјство.

Related Posts with Thumbnails