wordpress counter

Вљубен пар: „Мартини“ и маслинка

Секојдневно сме бомбардирани од важноста и благотворното делување на маслиновото масло, а плодот на маслинката често пати го занемаруваме. Иако таа се одликува со антиоксидантно, против-воспалително и хепатопротективно делување, сепак мошне малку се зборува за неа.

Повеќе истражувања покажуваат дека маслинката делува во заштита на црниот дроб и помага во неговата регенерација. Токму затоа, во следната прилика не штедете на маслинки кога ќе пиете „Мартини“.

Инаку, „Мартини“ е коктел кој се подготвува од вермут и џин и како декорација се става маслинка. Посветените вљубеници на овој коктел, маслинката ја оставаат за крај кога ќе впие во себе доволна количина на џин и вермут. Ако добиете Мартини со две маслинки, тогаш првата оди со првата голтка, а втората по последната голтка од коктелот.

Покрај обичните маслинки, во овој коктел можете да додадете и маслинки полнети со лук, сино сирење, кромид или бадеми ако сакате  да додадете посебен шмек на вашето „Мартини“. Сепак, ова го оставаме на вашиот личен вкус и желба.

На здравје!

Related Posts with Thumbnails