wordpress counter

Водка „Столичнаја“

Веројатно многу од вас се сеќаваат дека оваа водка некогаш беше многу популарна кај нас. Ја имаше буквално секаде. Сега, ја нема на секој чекор, но во светски рамки „Столичнаја“ е една од најпочитуваните водки.

Нејзиниот прекар е „Столи“ и ден денес е еден од најпопуларните брендови од овој тип на алкохол. Тоа се должи на одличниот вкус, достапноста, можноста да се меша во коктели или да се пие студена, токму каква што е земјата од каде доаѓа.

Црвената „Столи“ е основниот бренд. Се дестилира четири пати, а се подготвува од пченица и јачмен, кои се мешаат со вода од Калинградскиот регион. Се филтрира преку кварц, песок, дрвен јаглен и ткаенина.

Оваа водка има типичен вкус и арома за водка – допир на силен алкохол, со нота на топло зрно пченица. На прв допир е лесна, потоа создава свиленкасто чувство на нашите непца и на крајот се чувствува вкусот на водка со мало цитрусно влијание. Вкусот се губи мошне бргу по голтањето. Можеби затоа веднаш се посегнува по нова голтка.

Постои и „Столи Елит“, која е помека и послаба верзија на основната. Оваа водка е наменета за вистински уживатели во овој руски пијалак и кои сакаат да ја конумираат добро изладена или како дел од Водка Мартини. Кога ќе ја вкусите, ќе почувствувате ароми на цитрус, топол карамел и житарки. Кога ќе ја голтнете, следува брз и врел финиш.

Искрено, која и да ја одберете – нема да погрешите. Секако, ако пиете одговорно.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Земјоделството атрактивен бизнис за младите

Земјоделството е гранка која треба да биде прифатена сѐ повеќе од младите, кои можат со примена на нови технологии и...

Close