wordpress counter

Вотка-„Ред бул“ желе

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (4 гласа, просек: 4,00 од 5)


Вотка-„Ред бул“ е добро позната и популарна комбинација, особено меѓу помладите генерации. Ние ја надополнивме оваа комбинација со желе и добиваме навистина уникатно задоволство.

СОСТОЈКИ (за 24)
● 1 лименка „Ред бул“
● 1 ½ пакување желатин во прав
● 1 шолја вотка
● 24 цреши со дршка

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: набавете калапи (по можност силиконски) и попрскајте ги со малку масло. Извадете ги внимателно семките од црешите.

Чекор 2: налејте ја лименката „Ред Бул“ во сад за варење. Ставете го во него и желатин прашокот и оставете 2 минути за да се активира. Садот ставете го на слаб оган и варете за да се раствори желатинот (малку пред вриење). Потоа, откако малку ќе се излади смесата, додадете ја вотката.

Чекор 3: ставете половина од смесата во калапите и оставете во фрижидер да се стврдне (околу 2 часа). Потоа, во секој калап ставете цреша со дршката нагоре. Дополнете со миксот од вотка и оставете ги во фрижидер цела вечер. Следниот ден, внимателно, со помош на нож за путер, извадете го желето и сервирајте.

Совет: чинијата во која ќе го сервирате желето, попрскајте ја со масло во спреј или масло од кокос за да не може да се скрши дршката од црешата во моментот кога ќе го подигнете желето.

Related Posts with Thumbnails