wordpress counter

Вовед во дегустација на виното (1 дел)

Доколку сте имале можност да присуствувате на професионална дегустација на вино, со сигурност сте помислиле дека станува збор за вински снобови кои претеруваат со метафорите и гестикулациите, со цел да изгледаат многу стручни.

Меѓутоа, не мора секогаш да биде така. Имено, за да ви се допадне некое вино или да го оцените, не е потребно да бидете стручен. Станува збор за субјективно чувство дали некое вино ви се допаѓа или не. Сепак, за да ја почувствувате сета убавина на виното треба да ги вработите вашите сетила и чекор по чекор да ја научите постапката на оценување на виното.

Подготовка
Пред самата дегустација, потребно е виното да биде на определена температура. Општо правило е дека црвените вина треба да имаат 18-20 степени, додека белите да бидат помеѓу 6 и 12 степени. Пенливите вина бараат и пониска температура.

Ако немате посебен фрижидер за вино, тогаш ќе ви биде навистина тешко да ја постигнете идеалната температура. А, тоа е мошне значајно кога станува збор за виното. Ако не е на вистинската температура, брзо ќе започне да оксидира и да ја губи својата срж. Од друга страна, ако успеете да го донесете до бараната температура, виното несебично ќе ви го подари најубавото од себе.

Освен сетилата, најважниот алат при дегустација е стаклената чаша. Дури, за секоја врста на вино има посебна чаша. Но, за почетниците доволно е да имаат и неколку чаши. На пример, чаша со широк отвор се користи за побогати и постари вина. Тука мислиме на црвените вина кои треба да дојдат во контакт со воздухот за да ја развијат својата арома. Помалите чаши се наменети за бели вина, додека тенките и тесните чаши за пенливите вина, со цел да се ослободат што е можно повеќе меурчиња.

Related Posts with Thumbnails