wordpress counter

Вовед во дегустација на виното (2 дел)

Во првиот дел ја објаснивме првата лекција од процесот на дегустација и разбирање на виното. Сѐ започнува со подготовката, во која се поставуваат основните правила за дегустација. Потоа следи истражувањето.

Истражување
До одредена мера, дегустацијата се разликува од пиењето вино. Кога пиеме вино, акцентот се става на вкупното доживување, додека кога дегустираме акцентот е врз откривање на сите компоненти кои делуваат на нашите сетила.

При дегустацијата треба да се откријат бројни карактеристики на виното: слаткост, киселост, горчина, арома, вкус… За таа цел, потребно е да се искористи техниката на 4 чекори т.е одредување на мирисот, вкусот, ретровкусот и бојата на виното.

Да започнеме
Наполнете ја чашата со вино до една третина. Чашата држете ја за основата и полека кружете со неа како би му дозволиле на виното да се отвори и да ги пушти своите ароми. Чашата вртете ја така што виното ќе дојде до самиот раб, а потоа внимателно набљудувајте ги тенките, проѕирни слоеви на вино како се сливаат по ѕидовите на чашата. Ова ќе ни го открие количеството на алкохол во виното. Колку повеќе има алкохол, толку тој слој е погуст и полеплив и обратно.

Следниот чекор е со нашето сетило за мирис да вдишеме длабоко од чашата со вино. Околу 2/3 од доживувањето на виното се случува преку носот. Со помош на овој орган забележуваме цела низа на ароми кај младото вино или букето на старото вино. Самото мирисање ќе ни даде многу податоци за врстата, потеклото и историјата на тоа вино.

Related Posts with Thumbnails