wordpress counter

Вовед во дегустација на виното (3 дел)

Како што видовме во претходните два дела, дегустацијата на вино не е едноставна задача, но секако не е ниту многу комплексна. Субјективно чувство и задоволството од разбирањето на оваа тема се многу поважни отколку поетскиот и метафоричен опис на суштината на виното.

Претходно споменавме дека нашиот орган за мирис е мошне заслужен за откривање на тајните на виното, а пред сѐ аромата.

Постојат цела низа овошни, цветни и други ароми кои се карактеристични за определени сорти и постапки на обработка на грозјето. На пример, самата сорта на грозје одредува дали виното ќе има цветна или овошна нота. Од друга страна, мирисот на ванила, дрва, препечен леб или дрвени струготини, се последица на чувањето на виното во дабовите буриња.

Со дозревањето на квалитетното вино во шишиња, се развиваат сложени ароми кои тешко се одредуваат. Но, и во овој случај најважно е субјективното чувство. Важно е да ја избегнете стапицата да помислите дека некое вино ги има аромите за кои сметате или знаете дека треба да ги има. А, не сте ги почувствувале.

Откако сте ја откриле аромата, принесете ја чашата до устата и напијте се една голтка вино. Голтката треба да биде толкава, да можете да ја извртите во вашата уста и наеднаш да ја голтнете. Виното го кружите во вашата уста за да го почувствувате со целото сетило за вкус. Пред да го голтенете или плукнете виното, отворете ја малку устата за да влезе воздух. На тој начин, полесно ќе дојдете до комплетната претстава за виното.

Related Posts with Thumbnails